Ердоган: Борел нема овластување за односите меѓу Русија и Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, одговарајќи на повикот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел, дека Турција се приклучува кон санкциите против Русија, изјави дека европскиот политичар нема овластување за односите меѓу Москва и Анкара.

Ердоган, по враќањето од средбата во Туркменистан, посочи дека Борел може да разговара со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу бидејќи тоа е неговото ниво, објави телевизискиот канал ТРТ..

„Борел не може да ги дефинира и официјализира односите на Турција со Русија, бидејќи тој нема ниту квалификации ниту способност да носи такви одлуки“, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски