Неколку експлозии одекнаа утрово во прифатилиштето за ирански азиланти Ашраф, североисточно од Багдад, но ирачки претставници ги отфрлија обвинувањата дека имало воен напад.
Сто членови на Народна муџахединска организација Иран живеат во Ашраф, во близина на иранската граница. Организацијата ги обвини ирачките безбедносни сили за смртта на 47 жители на прифатилиштето.
– Ниту еден војник не влезе во Ашраф. Никој не го нападна прифатилиштето од надвор, туку најверојатно експлодирале буриња со нафта и гас. Полицијата го истражува инцидентот, изјави Хаки Шарифи, во чија надлежност е прифатилиштето.
Но, неименуван полициски претсатвник тврди дека утрово врз Ашраф паднале пет гранати. Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека во кампот „најверојатно е применета сила и дека поголем број се убиени или повредени“.