Крвниот притиок може да се покачи и доколку често јадете многу солена храма. Солената храна значајно го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, ризикот од рак на желудник и згора на се’, го потпомага дебелеењето.
Солта е тивок непријател на современиот човек. Зголемената употреба на таканаречената „бела смрт“, неосетно и секојдневно ни ги оптоварува бубрезите, срцето и крвните садови. Смртноста од овие заболувања во светот вртоглаво расте. Како да ја спречиме оваа „епидемија“ на модерната доба? Едноставно – внимавајте на она што го јадете. Избегнувајте солена храна колку и да е вкусна!
Ако во текот на денот сме внеле 2400 мг натриум, тогаш сме го достигнале максимумот. Натриумот е составен дел на солта и во еден грам сол го има околу 40 проценти. Лесно може да се пресмета дека дневното внесување на солта треба да изнесува најмногу 6 грама, што одговара на една кафена лажичка сол. Но, солта која ја консумираме не е само онаа со која ја досолуваме храната.