Две лица загинаа по голем пожар во рафинерија во Сибир, во источна Русија, соопштија властите. Пожарот избувнал во рафинеријата во градот Ангарск во 6 часот наутро. Две лица загинаа, а пет се повредени, од кои едно е хоспитализирано, изјави Игор Кобзев, гувернер на Иркутската област.
Irkutsk region of Russia: 2 dead as result of explosion and fire at oil processing plant in Angarsk https://t.co/kGWMRhl6ns pic.twitter.com/pts8QeGkNq
— Liveuamap (@Liveuamap) December 15, 2022
Повикувајќи се на итните служби, гувернерот појасни дека катастрофата е предизвикана од истекување на гас. Покрената е истрага за да се провери можното прекршување на безбедносните стандарди.