До крајот на следната година треба да бидат ставени во функција новите патнички вагони

Од:

Постапката за набавка на патнички вагони за железницата е започната, објавен е тендерот, а договорот се очекува да биде склучен на крајот на годината, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Се работи за инвестиција која е околу 25 милиони евра која е веќе започната. Објавен е тендерот, а очекуваме тој договор да се склучи некаде кон крајот на оваа година, во декември, рече Груевски, кој денеска беше на отворање на ново повеќенаменско игралиште во Ѓорче Петров.

Патничките вагони би требало да пристигнат 12 месеци по потпишувањето на договорот односно при крајот на 2014 година. Груевски потсети дека се работи за набавка на вкупно шест гарнитури на вагони, од кои четири се дизел и две електрични гарнитури вагони, кои вкупно собираат 1.200 патници.

– Шеесет отсто од постоечките патнички вагони ќе бидат заменети со новите. Се работи за една сериозна инвестиција од 25 милиони евра. Досега 35 години не се инвестирало во набавка на нови вагони, рече премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска