Заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума, Алексеј Чепа, во интервју за радио „Говорит Москва“ изјави дека одлуката за пристапување на Србија кон Русија зависи од волјата на српскиот народ.
„Не знам колку е тоа реално, бидејќи овде одлуката не е на Вучиќ, туку на народот. Народот треба да одлучи за тоа на референдум. Треба да се почитува волјата на народот, подоцна никој би рекол дека тоа е окупација, киднапирање и рушење. Ќе има голем број на противници на оваа идеја, така што во овој случај сè мора да биде чисто“, рече рускиот политичар.
„Во секој случај ќе ја поддржиме Србија. Таа е исклучително пријателска кон нас. Многу се надеваме дека ќе може да се справи со провокациите на кои е изложена. Ги чекаме апелите на Вучиќ“, рече Чепа.
Србија се уште не реагирала на оваа изјава.
Србија не воведе санкции против Русија
Србија заедно со Турција е единствената земја кандидат која не воведе санкции против Русија по нејзината агресија врз Украина.
Советот на Европската унија вчера изрази „длабоко жалење“ поради уназадувањето на Србија во усогласувањето со надворешната политика на Унијата и одбивањето да воведе санкции против Русија.
„Советот длабоко жали поради назадувањето на Србија во усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, особено поради нејзиното одбивање да воведе санкции кон Русија и Белорусија, како и поради нејзините надворешнополитички потези спротивни на заедничкиот пристап на Европската унија“, се вели во текстот во заклучоците за проширувањето, кои во вторникот ги донесоа министрите за европски прашања на земјите-членки.
Исто така, се вели дека осудените воени злосторници не треба да имаат пристап до јавниот простор и дека нема место за нивно величење и негирање на нивните злосторства.