До 20 септември камен темелникот за изградба на црквата „Свети Димитрија“ во струшко Октиси ќе биде поставен, вели за А1, отец Зоран Попоски. Тоа што некој кажува дека градежната дозвола која е со важност до 30 септември нема да биде проблем, ние не веруваме во тоа. На Октиси ќе му се случи народ вели Отец Зоран.
„Јас мислам дека ќе се случи народ. Охрид и охридско, Струга и струшко ќе се кренат .Следниот пат кога ќе се одлучиме да го поставуваме камен темелникот јас ви гарантира дека таму ќе дојдат и 10.000 православни верници.Тоа што како обврска си го имаме поставено и јас како парохиски свештеник не отстапуваме ни мунута дека до последниот термин ќе го поставиме. Штета е што поставување на камен темелникот и градбата на овој храм е земен како повод за раздор. Јас на неколку пати на жителите им реков дека не правиме канализација, септичка јама, правиме нешто што ќе ја разубави средината“, вели отец Зоран.
Отец Зоран вели дека самото име на селото означувало осум цркви, односно Октиси-осум цркви.
„Можат ли сега и името да го сменат да не бидат Октишани или Октиси што значи осум цркви во превод на македонски јазик.Причина за сето ова што се случува доагаѓа од надвор, од надворешни фактори и не доаѓа од Исламската верска заедница“, додава Отец Зоран.
Мики Трајковски