За време на дебатите во Народното собрание за избор на нова бугарска влада, лидерот на „Бугарски подем“ Стефан Јанев рече дека ќе ја поддржи номинацијата на Николај Габровски за премиер, но нема да ја поддржи структурата и составот на влада што тој ја предложи.
Досега четири партии во Народното собрание на Бугарија најавија дека нема да ја поддржат предложената влада на Николај Габровски, која ја има мандатот на најголемата парламентарна партија ГЕРБ-СДС.
Извор: МИА