Регистрирани партиите на Стефан Јанев и на Кирил Петков за предвремените избори во Бугарија

Од:

Градскиот суд во Софија дозволил „Бугарски подем“ да се запише во регистарот на политички партии, јави дописникот на МИА од Софија.

Стефан Јанев пред речиси два месеца на основачки состанок во Националниот палата на културата ја создаде партијата „Бугарски подем“. Поранешниот вршител на должноста премиер на Бугарија минатата година и министер за одбрана во Владата на Кирил Петков застана на чело на неговата политичка формација. Во бугарската четирипартиска влада на премиерот Кирил Петков, тој стана министер за одбрана, но беше принуден да ја напушти оваа функција поради неговите изјави поврзани со руската агресија врз Украина. Уште првиот ден од руската инвазија врз Украина, Јанев го употреби терминот „операција“ наместо војна на Русија во Украина, што беше сфатено како играње со руската пропаганда.

Софискиот градски суд соопшти дека ќе ги регистрира за учество на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври како посебна партија и „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев, на последните избори на крајот на минатата година, нивната партија немаше време самостојно да се регистрира и учествува како коалиција.

Во меѓувреме, претседателот на Бугарија, Румен Радев, одржа средба со Централната изборна комисија, на која повика на поголема доверба на јавноста во изборниот процес и гласањето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лидерот на „Бугарски подем“ Стефан Јанев нема да го поддржи предложениот состав на влада од Николај Габровски

А1он

Јанев се изјасни за формирање коалициска влада во Бугарија

А1он

Бојко Борисов најави средба со Кирил Петков

Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе има консултации со партијата на Кирил Петков и Асен Василев, Борисов нуди нови консултации

Кирил Петков: ГЕРБ, откако победи на изборите во Бугарија, мора да формира влада

Горан Наумовски

Петков: Борисов да се пензионира, а по реформите во судството – да оди во затвор