Харадинај: САД бараат намалување на тензиите и отстранување на барикадите во северниот дел на Косово

Од:

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај изјави дека американскиот амбасадор Џеф Ховенер и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар на средба со претставници на опозицијата побарале намалување на тензиите и барикадите да се отстранат и ситуацијата да се нормализира на северот на Косово.

Харадинај на својот Фејсбук профил напиша дека сериозната посветеност на САД ќе ја спаси ситуацијата и ќе ја врати на конечниот договор меѓу Белград и Приштина.

– Само што ја завршив средбата со господинот Ескобар и амбасадорот Ховениер, можам да ви кажам дека тие се доста фокусирани на настаните во земјата, особено на северот, со експлицитно барање за намалување на тензиите, отстранување на барикадите и враќање на нормала во тој дел од земјата, напиша Харадинај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина