Макрон: Конференцијата во Париз ќе им помогне на Украинците „да ја поминат зимата“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека денешната меѓународна конференција за помош во Париз има за цел да му помогне на „украинскиот народ да ја преброди оваа зима“.

Тој рече дека фокусот е на обезбедувањето краткорочна помош со оглед на обидите на Русија да „сее терор“ во Украина со „кукавичко“ бомбардирање на цивилната инфраструктура на државата.

Во Париз денеска се одржува Меѓународна донаторска конференција за мобилизирање помош за Украина и нејзината инфраструктура, уништена од руската војна.

На конференцијата ќе учествуваат околу 70 земји, меѓународни организации и Европската унија.

Целта е да се координира итна помош во областа на енергијата, транспортот, земјоделството и здравствената заштита.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина