(ВИДЕО) Зеленски: Ако Путин умре, нема повеќе војна

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде интервју со еден од најдолговечните ТВ водители, Дејвид Летерман, во неговото шоу на Нетфликс – My Next Guest Needs No Introduction.

Летерман и Зеленски интервјуто го воделе во бункер на стотина метри под метрото. Снимен е во октомври, а излезе деновиве.

Околу шест минути по интервјуто, додека Зеленски го објаснува значењето на двете едноставни бои на украинското знаме, во позадина се огласува сирена за тревога.

„Дали ја слушаш сирената“, го прашува украинскиот претседател легендарниот американски водител.

„Да, слушам. Што да правиме сега?“, прашува Летерман.

„Ништо“, кратко рече Зеленски.

„Во која било друга ситуација тоа не би било смирувачко, но со вас се чувствувам смирено“, одговара Летерман.

Зеленски потоа објаснува како војната станала навика за Украинците и нагласува „за жал“, бидејќи смета дека војната не треба да биде навика.

Меѓу другото, Зеленски во интервјуто вели дека верува оти војната со Русија ќе заврши кога ќе умре рускиот претседател Владимир Путин.

„Да замислиме дека Путин настинал и умрел или случајно паднал од прозорец и умрел, дали војната ќе продолжи“, го прашува Летерман украинскиот претседател.

„Не, тогаш не би имало војна. Авторитарниот режим е ужасен. Постои голем ризик дека сè може да одлучи еден човек“, одговори Зеленски.

„Значи, кога Путин ќе замине, сите институции престануваат. Нешто слично се случи и во Советскиот Сојуз. Сè престана. Верувам дека ќе им биде тешко без него. Тие потоа ќе се фокусираат на внатрешната политика, а не на надворешната политика“, додаде Зеленски.

Водителот го праша украинскиот претседател кои се неговите планови по завршувањето на војната.

„Ќе останам претседател додека не победиме, а после тоа не знам. Не размислувам за тоа во моментов. Би сакал да одам на море. Да бидам искрен, Дејвид, само сакам да одам на плажа кога ќе победиме во војната. И навистина би сакал да пијам пиво“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски