ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски пред еден месец не убедуваше дека „истрагата само што не покажала кој стои зад дојавите за бомби“, денеска имаме само хаос и паника

Од:

„Повеќе од еден месец средните и основни училишта, трговските центри, Народната банка, станбени згради, министерства и други државни институции се на мета на дојава на бомби, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не може да открие кој стои зад овие лажни дојави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На 16-ти ноември Спасовски тврдеше дека истрагата е при крај и многу набрзо ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби, како и дека се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на МВР, како и партнерските служби, но денес наместо одговор, имаме се поголем хаос, преплашеност и паника кај граѓаните.

Пораки кои се испраќаат се застршувачки со предупредување дека ќе се разнесат сите, а МВР се уште нема конкретни информации кој се заканува.
Исто така, апсурдни се изјавите и фалбите на Спасовски дека безбедносната состојба е стабилна и нема никакви индиции за нарушување, дека реформите во безбедносните служби се успешни, а од друга страна се уште нема разрешница на целиот случај.

Наместо неспособниот Спасовски да одговори пред јавноста и да ја прекине агонијата сега пак вели дека лажните дојави за бомби се резултат по руската инвазија врз Украина.

Вистинските прашања за кои Спасовски треба да даде одговор, наместо да води политиканство се:

-До каде е истрагата и зошто се уште нема одговорност, и

-што уште треба да се случи за Спасовски и институциите да почнат да работата?

Дојавите за бомби го девастираат целиот безбедносен систем и се доказ дека институциите во државата под раководство на СДС, Спасовски и Ковачевски, не функционираат.

Македонија е во хаос. Граѓаните се трауматизирани. Повеќе од очигледно е дека ситуацијата е сериозна, а Спасовски наместо да ги открие сторителите, се уште не убедува дека се е под контрола.

Криминалци хараат по полициски станици, синови на високи челници во МВР користат државни ресурси за лични потреби, криминалците раководат со МВР, секој ден има дојави за бомби, граѓаните се во паника, а Спасовски бега.

Воедно, најмалку што може да направи во овој момент Спасовски е да покаже барем малку морал и доблест и да си поднесе неотповиклива оставка. Неговата неспособност ја плаќаат граѓаните.

Безбедноста на граѓаните мора да биде пред и над се. Ова мора да има крај“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања