САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Од:

САД ќе и доделат 55 милијарди долари за Африка во следните три години, соопшти Белата куќа додека американскиот претседател Џо Бајден се подготвува за американско-африканскиот самит оваа недела во Вашингтон.

На него тој ќе разговара со африканските лидери за изборите во 2023 година и за состојбата на демократијата.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека САД на тој форум ќе понудат ресурси за економски развој, додавајќи дека посветеноста на Вашингтон за инвестирање во земјите на африканскиот континент е релативно голема во споредба со другите земји.

Бајден утре среда ќе организира свечена вечера за околу 50 африкански лидери и ќе ја објави својата поддршка за пристапувањето на Африканската унија во Г20. Американскиот претседател инсистира дека меѓу постојаните членки на Советот за безбедност на ОН треба да има и африканска земја. Од почетокот на својот мандат, Бајден посети многу земји во Азија, Европа и Блискиот Исток, но до сега не отпатувал во Африка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна