Припадници на безбедносните сили убиле најмалку тројца напаѓачи кои отвориле оган врз хотел во Кабул, популарен меѓу кинеските државјани, изјави портпаролот на авганистанската администрација со која управуваат талибанците.
Нападот заврши и нема загинато ниеден странец, но двајца беа повредени додека се обидуваа да избегаат од нападот и да се спасат скокајќи од балконот на хотелот, изјави портпаролот Забихулах Муџахид.
Експлозија и истрели
Жителите изјавија дека слушнале силна експлозија проследена со истрели.
Нападот се случил во делот на хотелот во кој престојуваат претежно кинески државјани, како и други странски гости, велат жителите. Локалната болница соопшти дека примила осумнаесет повредени лица.