Скопјанец повредил полицаец, Обвинителството бара притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека 40-годишниот скопјанец, на 28. ноември во ресторан на улицата „Лондонска“, прво почнал вербална расправија со едно лице, а потоа и физички го нападнал. Кога неколку други лица се обиделе да ги раздвојат, осомничениот извадил нож на расклопување и на едно од присутните лица кои се обидувале да го оттргнат му нанел четири убодни рани со кои му предизвикал тешки телесни повреди на градниот кош и на раката.

Кај останатите присутни во ресторанот осомничениот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците во постапката, па до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Би можело да ве интересира

Пумпа за бетон уби работник од Албанија кај Требеништа

Измамена старица: лажен доктор и зел 150 илјади денари, ја убедил дека ќерка ѝ е повредена

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто