Украинското пристаниште Одеса ја прекина работата по уште еден руски напад врз енергетскиот систем во регионот, изјави украинскиот министер за аграрна политика и храна Микола Солски, но додаде дека не се очекува прекин на извозот на жито.
Солски рече дека две други пристаништа, Черноморск и Пивдени, од каде е дозволено да се извезува жито од Украина според договорот меѓу Москва и Киев, делумно работат.
Според него, пристаништето Одеса не работи бидејќи генераторите се уште не се вклучени. Трговците со жито продолжуваат да испраќаат жито преку другите две пристаништа, рече тој.
Извор: МИА