(ВИДЕО) Се преврте автобус кај Свиленград, загина жена, а 19 лица се повредени

Од:

Тешка автобуска несреќа се случила меѓу Свиленград и Тополовград, во атарот на селото Младиново.


Фото: https://e-svilengrad.com/

Според првичните податоци има најмалку еден загинат патник и повеќе од 19 повредени. Повредените се пренесени во болниците во Хасково, Харманли и Свиленград.

Жртвата е жена која се возела во возилото, потврди за НОВА ВЕСТИ министерот за здравство Асен Меџидиев.

Во автобусот патувале и четири деца. За среќа, тие не се повредени.

Инцидентот се случил нешто по 18 часот. Автобусот е со бургаска регистрација и превезувал 40 луѓе кои се враќале од патување во Грција. Возилото паднало во провалија откако излетало од патот по кривина.

На местото на несреќата се испратени 6 амбулантни возила, 7 полициски екипи и 5 противпожарни возила, прецизираат од МВР. Алко-тестот на возачот бил негативен. На униформираните службеници им објаснил дека автобусот се излизгал на кривина. Екипа од 4 истражители врши увид, се чека назначувањето на вештачењето.

Спасените од автобусот се згрижени во зградата на општина Младиново.

Сопственикот на автобусот, Димитар Костадинов, за НОВА изјави дека се уште не знае ништо бидејќи не може да контактира со своите вработени поради немање покриеност. Тој увери дека до местото сообраќа друг автобус за да ги земе луѓето. Костадинов не сакаше да каже кога автобусот поминал на технички преглед.

Би можело да ве интересира

Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш

Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“

Се преврте автомобил на патот Штип-Кочани, двајца повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Неготино

Сообраќајка кај патарината Сопот, возилата се пренасочуваат низ Велес