2022 e најсмртоносна палестинска година

Од:

Од почетокот на ескалацијата на конфликтот на окупираниот Западен Брег до денес, токму во оваа 2022 година има најголем број на палестински жртви откако Обединетите нации почнаа да водат статистика пред 17 години.

Во операциите на израелската армија (ИДФ) и за време на рекордниот број напади на еврејските доселеници врз Палестинците, досега се убиени најмалку 150 Палестинци, повеќе од 2.500 се уапсени, а на израелска страна е забележана 31 жртва, вклучително и неколку војници.

Тензиите на Западниот Брег значително се зголемија од март, по антитерористичката офанзива на израелските сили како одговор на серијата палестински напади на почетокот на годината. Израелските воено разузнавачки власти тврдат дека спречиле повеќе од 500 терористички напади. ИД има регистрирано најмалку 281 вооружени напади и обиди за напади врз израелски цивили и војници на Западниот Брег оваа година, во споредба со само 91 минатата година.

Најголем дел од израелските операции беа фокусирани на северот на Западниот Брег, на градот Наблус и кампот во Џенин, кои се сметаат за епицентри на палестинскиот терор поради нивната поврзаност со групата Исламски џихад.

Општото зголемување на насилството го потврдува и израелската армија со извонредно зголемување на нападите на еврејските доселеници врз Палестинците. Во текот на годинава досега се регистрирани 838 вакви инциденти, значително повеќе од 446 минатата година или 353 во текот на 2020 година. Полицијата отвори само 101 истрага и изречени се само 28 казни.

Би можело да ве интересира

Бин Салман: Ријад го осудува израелскиот геноцид врз Палестинците

Над 400 загинати за две недели од израелската офанзива на северот на Појасот Газа

Најмалку 26 Палестинци загинаа во Газа, меѓу кои и пет вработени во УНРВА

ОН: Израелците ги мачат приведените Палестинци

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите