Се трага по лице кое се фрлило од мостот „Близнак“ во Скопје

Од:

Утринава во 6 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од мостот „Близнак“ на булевар „Србија“ се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар.

На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа поддршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.

При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e телото на 16-годишната Теодора Бабариќ која се удави во Вардар

А1он

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во Вардар, вклучени и армиските „Волци“

Катерина Ѓуровски

Исчезна девојче во водите на Вардар

А1он

Момче се удави во езеро во Хрватска

А1он

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

Српски државјанин се удави во Грција

Горан Наумовски