Почина мажот кој си ја уби мајка си и држеше заложници во Дрезден

Од:

Четириесетгодишниот маж, осомничен дека ја убил мајка си пред да земе заложници во источниот германски град Дрезден, починал од повредите здобиени во полициската операција, соопштија властите.

Полицијата соопшти дека 40-годишен маж ја убил својата 62-годишна мајка денеска рано наутро во станбена зграда во областа Прохлис во Дрезден.

Во соопштението се наведува дека тој подоцна зел вработен и дете како заложници во трговскиот центар „Алтмарк“ во центарот на Дрезден. Властите го евакуираа трговскиот центар и околните области. Заложниците се ослободени и не се повредени.

Пред заложничката криза, 40-годишникот пукал во канцелариите на Радио Дрезден и се обидел да ја пробие вратата.

Осомничениот се обидел да упадне во канцелариите утрово околу 8.30 часот, но не можел да помине низ вратата, изјави извршниот директор Тино Утаси за ДПА.

Откако не успеал да влезе во просториите на радио станицата, осомничениот пукал кон вратата.

Таму биле екипите на утринските емисии на РТЛ и Радио Дрезден.

„За среќа, персоналот беше присебен, истрча преку другиот излез и избега“, рече Утаси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заврши драмата во рускиот затвор, објавија Русите: „Сите ги ликвидиравме“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

A1on

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Србин во Дрезден се обидел да ја убие поранешната девојка

Поради американска бомба тешка 250 килограми евакуирани 15.000 жители на Дрезден