Сè пожестоки немири во Солун и Атина

Од:

Како што минуваат деновите на неизвесност за животот на 16-годишник кој беше застрелан во задниот дел од главата од припадник на специјалните единици додека бегаше од бензинска пумпа, каде што не ги плати 20-те евра вредни гориво, незадоволството кај Ромите расте, а конфликтите со полицијата во Атина и Солун стануваат се поинтензивни.

Практично, страстите не стивнуваат од понеделникот, кога се случи инцидентот во Солун. Предградијата на главниот град и улиците на Солун, особено оние околу болницата каде несреќниот млад човек се бори за живот, наликуваат на бојно поле. Големи групи неистомисленици палеле се пред себе, продавници, автомобили и контејнери, палеле автомобилски гуми за да блокираат патишта, напаѓаат полицајци, ги гаѓаат со камења, па дури и со „молотови коктели“.

Меѓу нив има и вооружени. Пукале, го раниле полицаецот и рекле дека нема да мируваат додека не биде задоволена правдата. Таткото на ранетиот Ром вели дека доколку полицаецот што пукал во младиот човек не биде соодветно казнет и ако биде ослободен, ќе ја земе правдата во свои раце и на ист начин ќе го казни.

Бранот протести на Ромите се шири и ги зафати областите на западна Атика, каде живеат многу од нив, како и внатрешноста на земјата. Членови на семејството на младиот човек веќе неколку дена дежураат пред болницата во Солун, заедно со голем број граѓани кои сметаат дека виновна е полицијата. На смирување на ситуацијата, на прекин на немирите и насилството апелираат адвокатите на семејството, како и претставници на ромската заедница.

Полицаецот кој пукал е во притвор за обид за убиство. Околностите под кои се случило се истражуваат.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски