(ВИДЕО) Коцевски: Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн „мерцедес“ на Назим Буши?

Од:

Како што претпоставиме МВР на Спасовски продолжува со молкот за дивеењето во Скопје со приватно возило со флешери, кое според нашите сознанија било управувано од Ќерим Буши, син на заменик министерот во МВР, Назим Буши. Како што веќе рековме ќе продолжиме да објавуваме детали. Уште еднаш прашуваме дали регистарските ознаки СК 0202 АП кои биле официјални таблички на „мерцедесот“ со флешери сега постојат? И ако не, зошто не?, рече на денешната прес конференција Зоран Коцевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Воедно го прашуваме Македонски телеком дали им се познати регистарските таблички СК 0202 АП, и дали тие биле таблиците на црниот „мерцедес“ 350 компакт кој тие го купиле во 2017-та година, како службено за Назим Буши? Македонски телеком треба да одговори дотолку повеќе што во бордот на директори седат луѓе назначени од владата како Зоран Китанов, Нина Ангеловска и Дардишта.

Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн „мерцедес“ со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? Ова се лесно проверливи работи и очекуваме одговор.
„Мерцедесот“ на синот на Буши е купен од Телеком, а потоа даден на Буши. Дали Назим Буши истото возило го дава на битолската фирма во сопственост на негови роднини, во чија сопственост било возилото на денот на инцидентот? Кого штити овде Спасовски? Одговорот на овие прашања им е познат на МВР. Зошто досега не е постапено? И дали целиот случај треба да заврши со казна за заменикот началник на СВР Скопје кој интервенирал за возилото да биде пуштено?

Дали Оливер Спасовски молчи и не смее да одговори на овие прашања, затоа што се плаши да не ја наруши коалицијата СДС – ДУИ?Се држи ли МВР заложник за функционирањето на криминалната влада? Наместо заташкување на случајот со казна на полициски службеници, веднаш оставки од Назим Буши и Оливер Спасовски – рече Коцевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања