Американски новинар почина на стадионот за време на натпреварот Аргентина – Холандија

Од:

Американскиот новинар Грант Вол (48) почина во петокот за време на четвртфиналето на Светското првенство во Катар додека известуваше од натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија за време на изведувањето пенали.

Како што пренесува Дејли Мејл, 48-годишниот Вал, кој известуваше за Светското првенство за CBS Sports, NBC News, и кој претходно работеше за Sports Illustrated, бил здрав пред да колабира овој петок. Според неговиот брат, кој се огласи на социјалните мрежи, Вал бил сосема здрав.

Неговиот агент Тим ​​Сканал за Њујорк Тајмс изјави дека во петокот и за време на натпреварите Вал доживеал голем стрес и починал.

Според соопштението на Фудбалската асоцијација на САД, Грант известувал од четвртфиналниот натпревар, а причината за смртта не е позната.

„Целото семејство на американски фудбал е скршено кога дозна дека го загубивме Грант Вол. Му благодариме на Грант за неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра. Неговото пишување и приказните што ги раскажува ќе живеат!“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

Почина новинарот Саше Димовски

Горан Наумовски

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Почина американскиот новинар кој седум години беше заложник во либанската граѓанска војна

Руска армија: Новинар на агенцијата Риа Новости е убиен на југот на Украина

A1on

Новинар убиен на плажа: Директорот на мексикански портал е втора жртва од медиумите во таа земја за седум дена