Досегашната директорка на академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска е реизбрана на функцијата. Со осум гласа за и еден воздржан Габер ја доби довербата за нов мандат на денешната седница на Управниот одбор на Акдемијата.
Во трка за директор на Академијата беа четворица кандидати. Покрај досегашната директорка Наташа Габер-Дамјановска, пријави поднесоа и судиите Емилија Шопар-Јованова, Ненад Савески Ангелов и Ангел Димовски.
За Габер-Дамјановска која претходно беше уставна судијка ова е втор диркторски мандат. Првпат беше избрана во 2018 година.