ВМРО-ДПМНЕ: Алармантно е што Спасовски два месеци не може да најде кој испраќа лажни дојави за бомби, оставка веднаш

Од:

„Безбедносната состојба во Македонија е нарушена. Алармантно е што секој ден имаме лажни дојави за бомби во јавни објекти, а МВР со месеци не може да најде кој ги испраќа. Секој ден се нарушува училишниот час на илјадници ученици во скопските средни училишта, се вознемируваат учениците, наставниот персонал и родителите. Денес заради лажни дојави за бомби се предизвика паника и во шопинг молови, но јавни објекти како Железничката станица. Илјадници граѓани се во страв и под притисок секој ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не смее како НАТО членка да бидеме во постојан грч и страв од терористички активности, а власта да не е способна да го заштити населението и да го одржи јавниот ред и мир.

Одговорност за несправување со ситуацијата е во врвот на МВР. Оливер Спасовски ја има надлежноста како министер за внатрешни работи да го обезбеди јавниот ред и мир и да гарантира безбедност во рамки на државата. Спасовски не е способен да ја смири ситуацијата.

Што прави Спасовски два месеци и што е преземено? Зошто уште немаме ниту еден санкциониран и кој е планот за во иднина?

Власта мора итно да преземе мерки за враќање на безбедноста на ниво. А, Оливер Спасовски да си поднесе оставка веднаш. Безбедноста на граѓаните нема цена, а Оливер Спасовски ако не може да ја обезбеди доблесно е да си поднесе оставка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски