Утре, од 8 до 15 часот екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, продолжуваат со активностите за реконструкција на коловозната површина, односно асфалтирање на улицата Даме Груев на потегот од раскрсница со улица Македонија до улица 11ти Октомври.
– Поради изведба на градежните активности на овој потег ќе бидат затворени двете коловозни ленти и обележани со соодветна сигнализација, известува ЈП Улици и патишта Скопје.