ВМРО-ДПМНЕ: СДС не бараат оставка од Арсовска зошто лепакот на Тачела коалицијата е криминалот и тендерите

Од:

„На СДС побитни им се криминалот и тендерите во 4 очи, отколку Скопје и скопјани и затоа не бараат оставка од Данела Арсовска. Доколку СДС сакаат решавање на проблемот со блокадите и хаосот во Скопје, ќе побараа оставка од Арсовска, ќе и ги одземеа ингеренциите и ќе го подмиреа долгот кон приватните превозници“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ама на СДС и Ковачевски не им е гајле за приватните превозници кои со месеци не добиле пари и како тие ги прехрануваат своите фамилии.

Јасно е дека СДС не сакаат решение на проблемите, решавање на хаосот со блокадите во Скопје, бидејќи се креатори на овој хаос преку монструозната коалиција помеѓу Данела Арсовска и Димитар Ковачевски.

Лепакот на коалицијата Тачела, се криминалните тендери, провизии и пљачкањето на скопјани.

Неколку дена молк од СДС, Ковачевски и Арсовска, дали се договорени со бугарска компанија да го превземе приватниот градски превоз, и дали автобусите веќе се стасани и се кријат во близина на главниот град.

Нема ни збор за штетниот договор за набавка на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие од пратеник од власта, во која не е вклучен попустот, и се врши проневера од неколку стотици илјади евра.

Целото безредие во Градот Скопје е дело на Данела Арсовска, СДС, Левица и ДУИ кои се во неформална коалиција. За секој штетен договор, за секој криминал од оваа крими коалиција Тачела ќе има ревизија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски