ВИДЕО: Папата заплака кога ја спомна Украина за време на денешната молитва

Од:

Папата Франциск заплака кога ги спомна страдањата на Украинците за време на традиционалната молитва во центарот на Рим.

Гласот на папата почна да се тресе кога ги спомна Украинците и мораше да паузира околу 30 секунди бидејќи не можеше да дојде до глас.

Толпата, вклучувајќи го и градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, кој беше веднаш до папата, почна да аплаудира кога сфатија дека папата не може да зборува и кога видоа дека плаче.

Франциско заплака за време на традиционалната молитва на Дева Марија во подножјето на статуа на празникот на Пречистата, национален празник во Италија. „Безгрешна Дево, денес би сакал да ви ја пренесам благодарноста на украинскиот народ“, рече тој пред да го совладаат емоциите.

„Наместо тоа, морам уште еднаш да ви ги пренесам молбите на децата, постарите, татковците и мајките, младите на таа маченичка земја, која толку многу страда“, рече папата.

Откако Русија ја нападна соседната земја во февруари, папата ја споменува Украина во речиси сите свои јавни обраќања и е сè покритичен кон Москва.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска