Домашен притвор за девојката која предизвика сообраќајка при што загина нејзиниот сопатник

Од:

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

На 28 ноември, на магистралниот пат Битола-Ресен, осомничената жителка на Ресен управувала автомобил „мазда 3“ под дејство на недозволено количество од 0,98 грам промили алкохол во крвта.

Во алкохолизирана состојба не ја приспособила брзината на автомобилот кон условите на патот – остра кривина и намалена ноќна видливост.

Како резултат на ова возилото излетало надвор од коловозот на левата страна и удрило во заштитната ограда.

Дел од оградата се откинал при ударот и навлегол во внатрешноста на возилото кон совозачкото седиште, а сопатникот во автомобилот се здобил со тешки телесни повреди на мозокот и починал.

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка куќен притвор за осомничената.​​

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје

Горан Наумовски

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка