Градот Бахмут останува примарна цел на руските напади во Украина. Украинските медиуми објавија снимки од жестоките напади на градот за кој битката се води веќе седум месеци.
„Вистински пекол“ се коментарите на ова видео.
The Ukrainian media published a video of the situation in #Bakhmut. A real hell. pic.twitter.com/VPOowGughA
— NEXTA (@nexta_tv) December 6, 2022
Во последниов период Бахмуте е најактуелното жариште на кое борбите никогаш не стивнуваат. Украинската војска засега успева да го задржи градот, руските сили зазедоа неколку населени места во близина.