Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра

Од:

Повоената обнова на Украина ќе чини отприлика 500 до 600 милијарди евра, изјави заменичката директор на Светската банка, Ана Бјерде, пренесуваат денеска дел од американските медиуми.

-Претходно ние објавивме бројка, пресметана заедно со Европската комисија и владата на Украина. Колку пари ќе бидат потребни за обнова на Украина и таа да се приближи до европските стандарди, на пример во енергетска ефикасност. Според состојбата заклучно почетокот на јуни, таа цифра беше 350 милијарди евра, изјави Бјерде.

Според неа, оттогаш таа бројка значително пораснала приближувајќи се до сегашната оценка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата