МВР со детали за сообраќајката во Козле: Загинатото момче е малолетно

Од:

Вчера околу 20.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Козле“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од 37-годишниот К.Ѓ. од Скопје, патничко возило „мини купер“, управувано од 53-годишниот П.Ж. од Скопје и мотоцикл „хонда“, управувано од малолетник од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

– На местото несреќата од здобиените повреди починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва