Неопходно е да се запрат нелегалните активности на Вашингтон во областа на биолошкото оружје, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Потребно е да се воспостави соодветен механизам за верификација и да се зајакнат мерките за градење доверба во рамките на Конвенцијата за забрана на биолошкото и отровното оружје“, рече Рјабков во Државната дума.
Рјабков истакна дека овие активности претставуваат непосредна закана за безбедноста на Русија, бидејќи американските биолаборатории се наоѓаат долж руските граници, пренесе ТАС С.