Еден од нејекстремистичките ограноци на Ал Каеда преку соопштение објавено на интернет ги повика Египјаните да земат оружје и да ја нападнат војската бидејќи мирните методи не вродиле со плод.
– Египетската војска е дел и обична копија на армиите кои со убивање се обидуваат да го спречат усвојувањето на божјите закони и се труди да воведе принципи на секуларизам и човекови закони, изјави Абу Мухамед ал-Аднани, портпарол на Исламска држава во Ирак и Левант.
Тој упати критики и кон египетското движење Муслиманско братство и Салафистичката ал-Нур партија бидејќи се определиле за ненасилство и неуспешен секуларен пристап до власта преку избори и демократија, поради што членовите на Муслиманско братство завршиле во затвор, биле убиени или се во егзил.