(ВИДЕО) Премиерот доби баскет од Мекејлеб за роденден

Од:

Лестер Бо Мекејлеб му подари баскет на премиерот Никола Груевски, за време на негова посета на завршниот тренинг на кошаркарите пред заминувањето за Словенија.

-Дојдов да ги посетам и испратам нашите кошаркари на следното ЕП. Се надеваме дека ќе успеат во Словенија да постигнат добар резултат, рече Груевски.

Мекејлеб ја искористи приликата да му подари баскет на македонскиот премиер во име на репрезентацијата, подарок кој Груевски срдечно го прими.

Инаку, македонскиот премиер денеска го слави 43-тиот роденден, па овој подарок од нашиот најдобар кошаркар сигурно ќе му биде особено драг.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Осман: „Потресени сме“

Германија е првак на Европа, Бонга играч на натпреварот, Шредер МВП

Грција освои бронза на Евробаскет 2025

Предраг Петровиќ

Ердоган оди на финалето на Евробаскетот во Рига, безбедносните подготовки започнаа пред полуфиналето