Макрон: Франција ќе го поддржи Ирак доколку биде загрозен неговиот суверенитет

Од:

Франција е загрижена поради зголемените тензии на Блискиот Исток и е подготвена да го поддржи Ирак доколку биде загрозен неговиот суверенитет, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на телефонскиот разговор со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани.

Во соопштението од Елисејската палата, се наведува дека францускиот претседател во вчерашниот разговор со Судани уште еднаш повторил дека Ирак може да смета на поддршката на Франција доколку се соочи со закани и напади врз неговиот суверенитет и стабилност, како и како и во борбата против тероризмот.

Двајцата лидери се согласија, со вклучување на Јордан, да продолжат со подготовките за следниот самит во багдадски формат, на кој во Аман до крајот на оваа година ќе се соберат главните лидери од регионот и францускиот претседател, кој го покани ирачкиот премиер да ја посети Франција на почетокот на 2023 година.

Во меѓувреме, француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона вчера разговараше со нејзиниот турски колега Мевлут Чавушоглу за планираната воена операција на Турција во северна Сирија и Ирак.

Таа изрази загриженост поради неодамнешните турски воздушни напади во овие области и посочи дека ниту една воена операција не треба да ги попречува меѓународните напори за борба против терористичката вооружената група Исламска држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата