Откако јавно ги објавија речиси сите податоци за албанските граѓани, исклучувајќи ги само банкарските сметки, иранските хакери синоќа на каналот Телеграм го објавија и Единствениот избирачки список на Албанија, неколку месеци пред локалните избори.
На овој канал постирана е датабаза од речиси еден гигабајт каде се напишани целосен идентитет и датум на раѓање на секој гласач и соодветната општина.
Во објавата, групата “Татковинска правда” (Homeland Justice) и со иронична порака: “Дали вашите корумпирани политичари сè уште мислат дека немаме пристап до суштински информации?
Тоа се однесува на тврдењето на премиерот Еди Рама и на министри дека хакерите не дошле до ниту еден сензитивен податок.
Оваа објава се случува по шестдневен молк од објавувањето на документот на 1.081 страница, во кој се наведени податоците на албанските државјани со возачки дозволи. Во објавената листа се вклучени податоци како што се име и презиме, матични броеви, место на издавање и адреса на живеење.
Извор: МИА