Градот Бахмут на истокот на Украина последниот период стана синоним за борбите кои се водат меѓу украинската и руската војска. Секојдневни се нападите на руските сили кон градот кој Украинците се обидуваат да го задржат. Борбите за овој град траат веќе шест месеци. Ниту Украина ниту Русија не соопштуваат колкави загуби имаат. Некои проценки се дека од двете страни дневно има стотици жртви.
Fights take place around the settlement of Opytne near #Bakhmut. pic.twitter.com/tgkutoyESD
— NEXTA (@nexta_tv) December 4, 2022
Објавите на видеа од боиштето како и од градот ја покажуваат страшната слика во Бахмут. Ужасни услови за војската на двете страни и разурнати објекти од секојдневното гранатирање. Украина тврди дека Кремљ на Бахмут ја има испратено платеничката група Вагнер.
This is how #Bakhmut itself, one of the tensest sections of the front, looks like. pic.twitter.com/jCujJ4ONIv
— NEXTA (@nexta_tv) December 4, 2022
Украински аналитичари објаснуваат дека ако групата Вагнер успее да го овои Бахмут ќе биде богато финансиски наградена, а основачот на групата Пригожин ќе се етаблира како важна компонента во руската воена машинерија.
Институтот за војна во своите анализи потенцира дека и покрај тоа што руските сили зазедоа неколку села во близина на Бахмут, не е толку извесно дека Украинците ќе го загубат градот. Се претпоставува дека украинската војска би можела да ја искористи стратегијата од Североднецк кога откако ги зарлече руските сили во повеќемесечна борба отвори нови фронтови каде шти Русите останаа слаби.
Сепак оваа тактика има и опасност за Украина бидејќи како што проценува НАТО, Русија има уште многу опрема, оружје и војска на територијата на Украина и мали се шансите да и снема пешадија.