Поедноставени условите за евтините кредити за вработување

Од:

Владата значително ги поедностави условите за доделување евтини финансиски средства на компаниите за отворање нови работни места.

Како што соопшти денеска портпаролот Александар Ѓорѓиев, за добивање кредит ќе биде доволно фирмите да имаат само еден вработен, а не најмалку двајца како досега. Исто така, лицето кое фирмата планира да го вработи, не мора да е на евиденцијата на Агенцијата за вработување минимум три месеци, шест или година, туку само еден ден.

– Со ова се проширува основата на трговските субјекти кои може да аплицираат за евтините кредити. Освен нови вработувања, ќе се овозможи и проширување на дејноста, рече Ѓеорќиев.
Владината мерка за кредитирање на компаниите е воведена од почетокот на годинава. Предвидува одобрување 3.000 евра заем за секое вработување или вкупно 9.000 евра за најмногу три лица.

Досега се реализирани три огласи на кои се одобрени кредити за над 250 лица. Со измените кои ги поедноставуваат условите за добивање кредит, се очекува драстично зголемување на оваа бројка, оцени портпаролот Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски