Досегашниот претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски доби нов четиригодишен мандат да ја предводи организацијата на новинари и медиумски работници во Македонија. Тој победи на изборот за претседaтел во првиот круг. За него ова е втор мандат на чело на ЗНМ.
Во трка со него беа и новинарите Марјан Николовски и Фиљана Кока. Чадиковски доби 275 гласа од присутните на редовното изборно Собрание, за Николовски гласале 119, а Кока доби 53 гласа.
На изборното Собрание на ЗНМ присуствуваа 456 медиумски работници.