Русија не прифаќа комплетно повлекување на војската од Украина како услов за преговори

Од:

Русија соопшти дека барањето Западот целосно да се повлече од Украина како дел од какви било идни разговори за да се стави крај на војната всушност ја исклучува можноста за преговори.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека претседателот Владимир Путин останува отворен за разговори, но дека барањето на Западот Москва прво да ги повлече своите трупи од Украина е неприфатливо.

Изјавата на Песков дојде додека Путин телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц во петокот наутро.

Кабинетот на Шолц соопшти дека тој јасно му ставил до знаење на Путин „дека мора да има дипломатско решение што е можно поскоро, кое вклучува повлекување на руските трупи“.

Во четвртокот, американскиот претседател Џо Бајден, исто така, посочи дека би бил подготвен да разговара со Путин доколку покаже дека е сериозен за ставање крај на инвазијата и повлекување од Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина