Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар, објави снимка од Бахмут, град на истокот на Украина кој во последно време е под константни напади на руските сили.
Таа рече дека руските сили продолжуваат да ја користат истата тактика што ја користеа во Мариупол за да го заземат источниот регион.
#Bakhmut – one of the hottest points on the battlefield in Eastern #Ukraine. Actually, this is what has left from Bakhmut. #russian barbarians pursue the same tactic as they did in #Mariupol. If they can't take the city,they turn it into dust from artillery then#StandWithUkraine pic.twitter.com/ieZJxZRcRJ
— Emine Dzheppar (@EmineDzheppar) December 3, 2022
Претходно, британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија најверојатно планира да го опколи градот, кој се наоѓа во регионот на Донецк, со тактичко напредување на север и на југ.
Преземањето на градот би имало ограничена оперативна вредност, но потенцијално би можело да и дозволи на Русија да им се заканува на Краматорск и Славјанск, додаде Министерството.