Членките на Европската унија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта на 60 долари за барел, во согласност со предлогот на Г7, изјавија европски дипломати за ДПА.
Ограничувањето на цената, договорено на ниво на амбасадори на земјите-членки на ЕУ во Брисел во петокот, е поврзано со претходната одлука на земјите од Г7 да го санкционираат рускиот извоз на нафта.
Договорот дојде откако Полска се согласи со договорот со Европската унија за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што ќе и овозможи на ЕУ да продолжи со официјалното одобрување на договорот во текот на викендот, изјави полскиот амбасадор во ЕУ, Анджеј Садос.
Садос рече дека договорот ќе биде официјално објавен во недела, ден пред стапувањето на сила на ембаргото за нафта на ЕУ.
Ограничувањето на цените, замисла на Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта, истовремено спречувајќи го скокот на глобалните цени на нафтата откако ембаргото на ЕУ за руската сурова нафта стапи на сила на 5 декември.
Механизмот предвидува плафон од 60 долари за барел нафта што се продава на трети земји, заедно со ембарго на ЕУ.