Украинската амбасада во Загреб доби крвав пакет со животински очи

Од:

Неколку украински амбасади во странство добиле „крвави пакети“ со животински очи, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Вчера беше објавено дека серија писма-бомби биле испратени на неколку локации во Шпанија, вклучително и на украинската амбасада во Мадрид.

Пакетите, натопени во течност со карактеристична боја и мирис, се испратени до украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија, генералните конзулати во Неапол и Краков и конзулатот во Брно, објави на Фејсбук портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко.

Николенко посочи и дека е вандализиран влезот на резиденцијата на амбасадорот во Ватикан, а имале и дојава за пакет бомби во Амбасадата во Казахстан, што подоцна се испоставило дека е лажна.

Украинската амбасада во САД доби писмо со фотокопија од писмо, во кој се критикува Украина, а пристигна истовремено со заканите низ Европа.

– Оценуваме дека ова е добро организирана кампања за ширење страв меѓу украинските амбасади. Не можејќи да ја запрат Украина преку дипломатски средства, тие се обидуваат да не заплашат. Веднаш можам да ви кажам дека таквата тактика нема да успее и оти продолжуваме да работиме за победа на Украина, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина