По неколкумесечни разговори, Германија се договори со Полска да испорачува нафта преку Гдањск, според договорот што во четвртокот го потпишаа германскиот министер за економија Роберт Хабек и полската министерка за животна средина Ана Москва.
Нафтата ќе се испорачува преку најважното полско пристаниште до рафинеријата PCK во Швед, која преработува 12 милиони тони нафта годишно и ги снабдува Берлин и источниот дел на Германија со бензин, дизел, керозин и нафта за греење.
Владата во Берлин со месеци преговара со Полска за снабдување на рафинеријата преку Гдањск, бидејќи обемот на гасоводот од Росток до Швед не е доволен. Досега рафинеријата ПЦК се снабдуваше со руска нафта од нафтоводот Дружба, но Германија сака да ја затвори таа рута за снабдување на 1 јануари и итно бара алтернативи, вклучувајќи го и Казахстан.