Во вчерашните протести во Египет на приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси загинаа осум, а приближно 200 луѓе се повредени.
Поддржувачите на Морси синоќа пред полицискиот час се обиделе да се доближат до претседателската палата во Каиро, но биле спречени од безбедносните сили.
Демонстрантите оттаму се упатиле кон Плоштадот на сфингата, каде полицијата употребила солзавец и пукала во воздух за да ја растера толпата.
Судири меѓу демонстрантите и полицијата имаше и во Суец, во Асјут и други градови.
Во Порт Саид при напад врз армиски пункт загина еден војник, а тројца се повредени.