Лајчак: Почетокот на пролетта 2023 можен краен рок за постигнување договор меѓу Косово и Србија

Од:

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, изјави дека почетокот на пролетта 2023 година може да биде краен рок за постигнување договор меѓу Косово и Србија.

Тој за приштинските медиуми рече дека предлогот за конечно решение е европски предлог, со вклученост и силна поддршка на Германија и на Франција.

Лајчак рече дека целта е да се постигне целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија до почетокот на 2024 година, а она што не е направено до овој период, како што рече, можеби и воопшто нема да се направи.

Лајчак оцени дека двете страни постојано разбираат колку е важен дијалогот за нив и дека сакаат напредок во нормализацијата на односите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија