Макрон до Бајден во Белата куќа: Треба повторно да станеме браќа по оружје

Од:

Францускиот претседателот Емануел Макрон за време на државната посета на Вашингтон денеска оцени дека Франција и САД треба „повторно да станат браќа по оружје“, соочени со војната во Украина и „повеќето кризи“, јави дописникот на МИА.

Макрон и неговата сопруга Брижит беа примени со големи почести во Белата куќа од американскиот претседател, Џо Бајден.

-САД не можеа да бараат подобар партнер за соработка од Франција, рече американскиот претседател во кратката изјава покрај францускиот претседател, нагласувајќи дека сојузот со Франција останува „суштински“ за стабилноста во светот.

Бајден ги поздрави, на француски, вредностите на „слободата, еднаквоста и братството“ со тоа што со голема помпа го пречека претседателот Макрон во Белата куќа.

Двете земји „се најсилните сојузници бидејќи ова пријателство е вкоренето низ вековите“, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција