Уште еден американски брод пристигна во Средоземно Море

Од:

Шести американски воен брод пристигна во источниот дел на Средоземно Море, каде има пет американски бродови вооружени со крстосувачки ракети кои наскоро би можеле да бидат насочени кон Сирија, во рамките на „ограничен, прецизен“ напад, изјавија американски воени извори.

Според нив амфибискиот брод „УСС Сан Антонио“ со неколку стотици американски морнари испратен е во регионот од други причини и оти не постои план маринците да се испратат на копно при евентуалната воена операција против Сирија.

Американската морнарица во источен Медитеран има по три воени бродови, но сега има пет. Секој од нив е вооружен со околу 40 или повеќе ракети „Томахавк“.

Според аналитичарот од компанијата „Кепитал Алфа партнерс“, Бајрон Калан за ограничен напад во Сирија потребни се од 200 до 300 ракети „Томахавк“, додека американски воени претставници тврдат дека се потребнио двојно помалку ракети.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина